МНР: Следува процедура за бугарскиот предлог Орце Камчев да биде почесен конзул во Македонија

3295

Амбасадата на Република Бугарија достави предлог за г-динот Орце Камчев да биде назначен за почесен конзул на Бугарија во Република Македонија. Следи вообичаена законска процедура за донесување одлука по овој предлог, соопшти Министерството за надворешни работи по информациите дека бизнисменот Камчев е назначен за почесен конзул на Бугарија.

Од Владата велат дека предлогот на Бугарија, Камчев да го назначи за почесен конзул во Македонија досега не бил на владина седница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...