ГДУ: Животот во Македонија е како во акциски филм

292

Убиства, кражби, запалени автомобили, рекетирање, напади, бегаат затвореници, изчезнуваат лица, се намалуваат казни за најозогласените криминалци – животот во Македонија како во акциски филм. Граѓаните се чувствуваат се понебезбедни. Одговорност за ништо нема. Има само празни оправдувања и живот во страв и неспокој, реагираше на денешната прес-конференција портпаролот на ГДУ, Дарко Попоски.

– Додека се бараа виновници за датумот избега убиецот на Мартин Нешковски, затвореникот Игор Спасов. Му се укина доживотната казна на Алмир Дрпљанин за нападот на полициските Алфи во 2008 година, кога загина еден припадник на Алфите. Во Штип во рок од неколку дена се запалија шест автомобили, а само една кривична пријава. Во меѓувреме нерешеното си остана нерешено. Не дознавме ниту  кој испука над 25 куршуми од калашников од возило во движење среде Скопје и две лица беа брутално убиени. МВР не успеа да ги фати ниту убијците на Дилавер Бојку. Со денови се криеја деталите за убиството на Никола Саздовски – Саздо и сѐ уште не знаеме кој е третиот и зошто сѐ уште не е приведен – рече Попоски.

ГДУ алармира дека во Охрид секоја ноќ има кражби, а граѓаните се принудени сами да си ги чуваат домовите со палки, во Скопје на секои четири часа има по еден ограбен стан, а ретко која кражба е расчистена и има и масовни кражби на велосипеди.

– Оливер Спасовски вели дека од кога дошле на власт животот бил побезбеден. Прашуваме дали ова е безбедноста ? Дали треба да се чувствуваме побезбедни кога криминалците се на слобода, разбојниците не се фатени, затвореници бегаат, не знаеме кој пали автомобили? Спасовски нека излезе на улица и нека ги праша граѓаните дали се чувствуваат безбедни. Одговорност за ова безредие мора да има – порача портпаролот на ГДУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...