Кампања за подигнување на јавната свест за штетноста од неправилното одлагање на отпадот

87

ЈП Комунална хигиена – Скопје почнува кампања за подигнување на јавната свест за штетноста од неправилното одлагање на отпадот, што резултира со создавање диви депонии и загадување на животната средина.

Претпријатието соопшти дека личности од домашната јавна и политичка сцена упатија пораки за совесно постапување со отпадот и ги информираа граѓаните за можноста бесплатно да го депонираат својот кабаст отпад во центрите за селекција во Карпош и во Вардариште.

Пораки кои може да се видат на јутјуб каналот снимија Љубица Јанчева, претседателка на Советот на Градот Скопје, Енвер Маличи, заменик-градоначалник на Градот Скопје, Билјана Секуловска-Габер, советничка во Советот на Градот Скопје, Шабан Трстена, олимписки шампион во борење и Јелена Жугич, актерка и советничка во Советот на Градот Скопје.

Љубица Јанчева: https://youtu.be/4SZ8sk6QD60

Енвер Маличи: https://youtu.be/kMOTD2w9jTc

Билјана Секуловска-Габер: https://youtu.be/gzv-PszdZKM

 Шабан Трстена: https://youtu.be/StxprmwWL4M

Јелена Жугиќ: https://youtu.be/Z6S3eNCeMZw

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...