Обвинителот на Драч, Арјон Ндоја, врз кој имаше обид за атентат, има фрактура во пределот на рамото и е вон животна опасност.
Три лица, меѓу кои и Ндоја, беа повредени доцна попладнево, откако неидентификувани напаѓачи, во близна на градот, кај надвозникот во Шкозен, пукале во возило што се движело од Драч кон Тирана.
Арјан Твани, лекар од ургентниот центар во регионалната болница во Драч, за телевизијата Њуз 24 изјави дека Ндоја има фрактура во пределот на рамото и оти е вон животна опасност. Едниот од повредените поради тешката состојба е префрлен во Тирана, додека другиот кој има повреди во пределот на главата по оперативниот зафат се уште е во загржувачка здравствена состојба
Според албанските медуми во возилото во кое бил обвинителот било пукано од возило во движење марка „Мерцедес бенц“.
Полицијата постави контролни пунктови на неколку места на плажите во Драч и интензивно ги бара напаѓачите. Откако во градот престојуваа висок полициски раководители вклучена е специјлната единица „Ренеа“.
Медиумите додаваат дека најверојатно цел на нападот бил Ндоја, кој во неколку наврати постојано се поврзуваше со организираниот криминал, за што зборуваше и албанскиот премиер Еди Рама.
Двете други лица, кои биле во возилото со обвинителот и се познати на полцијата како лица од криминалниот свет.