Шилегов: Поевтино парно за 20 отсто за приклучените на топлана Скопје Север од идната сезона 

670

Градоначалникот Петре Шилегов за следната грејна сезона најави поевтино парно греење за 20-30 отсто за приклучените на топланата Скопје Север. Тој во интервју за емисијата „360 Степени“, на Алсат, рече дека најпрвин целта на градот е добивање лиценца за дистрибуција на топлинска енергија, којашто очекува да биде одобрена до крајот на годинава, по што, следната пролет ќе започнело поставување на цевковод.

Шилегов веќе најави дека се работи на спојување на трите топловодни мрежи БЕГ, ЕЛЕМ Енергетика и Топлана Север.

Како што рече градоначалникот, тоа е една од трите мерки на градот против големото загадување на воздухот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...