Јохансон: Без Златан играме како тим, можеме да се справиме без него на СП

152

Едно од главните прашања на овогодинешниот Мундијал 2018 е дали Златан Ибрахимовиќ ќе игра во Русија. Тој изрази желба за такво нешто, но има и актуелни репрезентативци на скандинавската земја кои не сакаат тој да се враќа.

Шведскиот голман Карл-Јохан Јохансон верува дека неговиот тим може да игра без Златан и неговото присуство ќе ја уништи хемијата меѓу играчите.

– Мислам дека можеме да се справиме добро во Русија затоа што успеавме да се пласираме за СП и без него, но одлуката е, се разбира, на селекторот. Сигурен сум дека ако тој се придружи, ќе игра добро. Како тим, играме како колектив, сите заедно. Со Златан, како индивидуален играч, играта се врти околу него, а без него играме повеќе како тим – рече Јохансон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...