Обвинителот Арјан Ндоја од Драч е повреден во обидот за атентат во крајбрежниот град. Инцидентот се случил вечерва на автопатот Драч – Тирана, јавува 21ТВ.
Ндоја во возилото бил заедно со Александар Лахо и Енди Малоку, кои исто така се повредени и со возило на Итна медицинска помош префрлени во болница.
Малоку поминал со лесни телесни повреди и трауми. Целата болница во Тирана е под силно полициско обезбедување.
Според извори на информацијата, атентатот бил добро организиран , бидејќи се реализиран далеку од деловни субјекти и на место каде немало безбедносни камери.
Полицијата работи на случајот и фаќање на атентаторот односно атентаторите.