Сопственикот на кошаркарскиот клуб Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос беше казнет со 120.000 евра, бидејќи присуствуваше на реванш-натпреварот на неговиот тим против Реал Мадрид во Евролигата.
Јанакопулос присуствуваше на натпреварот и покрај 12-месечната забрана наметната од раководството на Евролигата, поради несоодветни коментари.
Сумата е двојно повисока од првобитната казна што Гркот ја добил затоа што се најде во салата во меч од регуларната сезоната против Олимпијакос.
– Во Евролигата најверојатно секогаш се занимаваат со Панатинаикос – беше реакцијата на клубот на оваа казна.
Јанакопулос планира да присуствува на вториот меч на неговиот тим во „ОАКА“ арената, а Панатинаикос води со 1:0 во плеј-оф серијата, откако во првиот го декласираше тимот од Мадрид со 95:67.