Фајон: Погрешна е одлуката за недоделување датум за почеток на преговори на Македонија и на Албанија

Ние сме пријатели, бараме процесот да продолжи. Франција и другите земји кои ќе го блокираат таквото проширување ќе бидат одговорни за стабилноста на регионот, кога, од друга страна, имаме земји кои се подготвени да преземат некој дополнителен чекор, истакна Фајон

129

Погрешна е одлуката за недоделување датум за почеток на преговори на С. Македонија и Албанија. Не можам да кажам дека тоа беше одлука на ЕУ, тоа беше одлука на една земја, Франција, која од внатрешни политички причини го блокираше приближувањето на С. Македонија и Албанија, рече копретседавачот на парламентарната комисија за стабилизација и придруживање ЕУ-Србија во ЕП, Тања Фајон, во интервју за белградската ТВ Н1.

– Ние сме пријатели, бараме процесот да продолжи. Франција и другите земји кои ќе го блокираат таквото проширување ќе бидат одговорни за стабилноста на регионот, кога, од друга страна, имаме земји кои се подготвени да преземат некој дополнителен чекор – истакна Фајон, потсетувајќи дека ЕП минатата недела даде јасна порака дека го поддржува проширувањето на ЕУ за сите земји од Западен Балкан.

По отсуство на одлуката на ЕС за отворање преговори со Македонија и Албанија, претседателот Александар Вучиќ во голем број интервјуа (Стандард, ФТ) изнесе оценка за последователно зголемување на недовербата во регионот кон ЕУ и потребата од „развивање врски со други партнери, како што се Турција, Кина и Русија“, за што Фајон вели дека во Брисел сигурно постои сериозна загриженост.

– Бидејќи кога ја разгледуваме надворешната политика на Србија, би сакале да видиме дека законодавството на Србија се приближува кон ЕУ. Кога имавме санкции (ЕУ против Русија), Србија не ги воведе, и тоа беше една од сериозните критики на Брисел. Сите знаеме дека Западен Балкан е полигон со различни геополитички интереси, но Србија е дел од Европа – наведе Фајон.

– Се плашиме од Кинезите и од бизнисот со продажба на оружје и од слични такви работи – ова се сериозни грижи, но отворениот дијалог со Русија и Кина е нешто што е нормално, и Словенија има отворен дијалог, но друго е тоа каде сакаш да отидеш, во која насока. Очекувам дека Србија искрено ќе работи и понатаму за влез во ЕУ -изјави Тања Фајон во интервјуто за ТВ Н1.

На прашањето дали има впечаток дека на Србија не и се брза да влезе во ЕУ, одговори: Понекогаш, од една страна, ЕУ е голем донатор и голем инвеститор во Србија, дека граѓаните на Србија споделуваат европски начин на живот, европски вредности, а да од друга страна, Србија разговара со Русија и Кина, оценувајќи дека понекогаш се чини дека на Србија и одговара на статус кво.Таа оцени дека ЕП и ЕУ ја поддржуваат Србија и прават се што е можно за да продолжат со работата на процесот на проширување.

– Србија, во разговорите се залага за проширување и за реформскиот процес – рече Фајон, додавајќи дека ќе се види со тек на време колку тоа било искрено.

Србија, според неа, оствари значителен напредок. – Имаме неколку отворени поглавја, посакувам да има повеќе…Но, кога е во прашање борбата против корупцијата, против организираниот криминал, независноста на обвинителството и судството, слободата на медиумите и владеењето на правото-кога имате нормални услови тоа значи да имате подобри инвестиции, здрава економија и здрава политичка соработка. Сето ова е она што Србија, во принцип, сака да го направи, колку е чесно – ќе видиме со тек на времето, дополни Фајон.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...