Кривичен за десет месеци решил над 33.000 предмети, а вкупно имал 54.000

362

Во Основниот кривичен суд Скопје од почетокот на годинава до сега се решени 62,3 отсто од вкупниот број на предмети, а се очекува ваквиот процент да расте, велат од судот.

Сумираните статистики од сите оддели и одделенија во Кривичен, покажуваат дека најголемиот суд во земјава заклучно со октомври имал вкупно 54.015 предмети за работа. Од нив, 16.761 се останати од минатите години, а 37.254 се нови односно предмети кои се примени во текот на 2019 година.

Од вкупната бројка, судот решил 33.674 предмети што е нешто повеќе од 62 отсто.

Бројните за минатата година, пак, говорат дека судот во работа имал вкупно 65.164 предмети од кои 22.290 заостанати од минатите години, а 42.874 предмети примени во 2018-та. Од сите нив, биле решени 48.403 што е околу 75 отсто од предметите.

Овој процент на ефикасност се постигнува со недостаток на дваесетина судии. Имено, во Основниот кривичен суд во Скопје има 53 судии од кои дел се на боледување, друг е суспендиран, па од нив судат само 49. Потребната бројка на кадар во судот изнесува околу 70 судии.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...