ИКТ Центарот во Прилеп ќе почне да се гради набрзо и треба да биде завршен за осум месеци, најави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на Прилеп при која на градоначалникот Илија Јованоски му врачи плакета за соработката со Министерството при изградбата на ИКТ Центарот кај прилепската касарна „Мирче Ацев“. Имено општината го ослободила Министерството за плаќање комунални такси.
– ИКТ Центарот е од посебно значење на Министерството за внатрешни работи, а е проект финансиран од Европската унија. Објектот е од витално безбедносно значење. Значи „бекап“ на сите податоци на институциите во државата во случај на елементарни непогоди. Од безбедноен аспект одлучивме дека е најсоодветно да се изгради во Прилеп – изјави Спасовски.