Училиштата во индиската престолнина ќе бидат затворени до 5 ноември, соопштија денеска градските власти, додека жителите на Њу Делхи веќе трет ден го дишат најлошиот воздух во сезоната.
– Главниот градски министер Арвинд Кеџривал нареди затворање на училиштата поради пожари од фарми во соседните земји од кои доаѓаат големи количини чад во главниот град – напиша министерот на Твитер, на јазикот хинди.
Претходно денеска, владината комисија за заштита на животната средина прогласи вонредна состојба поради загадувањето на воздухот.
– Ова е здравствена вонредна состојба, бидејќи загадувањето на воздухот сега е опасно и со штетно влијание по здравјето, особено кај децата – се наведува во соопштението.
Владините индекси кои го следат загадувањето на воздухот достигнаа 500 во неколку делови на престолнината, а секое ниво над 400 се смета за тешка состојба која претставува ризик за здравјето на луѓето.
Владата презеде мерки за намалување на загадувањето и со ограничување на движењето на возилата во градот по системот „парни и непарни“ регистарски таблички.