Времето во државата ќе биде претежно облачно и свежо со повремен локален дожд, особено во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, а попладне од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од пет до 10, а дневната од девет до 16 степени.
Во Скопје претежно облачно и постудено со слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 14 степени.
Во следните денови ќе преовладува претежно облачно време со повремен локален дожд. Од недела ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер и ќе има пораст на дневната температура. Во понеделник под влијание на нов влажен бран се очекуваат врнежи на повеќе места.