Директорот на Националната опера и балет (НОБ), Васо Ристов, преку соопштение на вработените и хонорарците им истакнал заканувачка порака дека ако хранат мачки околу објектот и ако не ја почитуваат забраната ќе бидат казнети.
Дисциплински казни ќе добијат вработените, додека, пак, на хонорарците кои хранат мачки им се заканува отказ од НОБ.
– За непочитувањето на забраната, вработените ќе одговараат дисциплински, а за хонорарните соработници ќе се преиспитува неопходноста од нивниот натамошен ангажман. Со почитувањето на оваа забрана ќе се придонесе за подобрување на хигиенската состојба на објектот и намалување на можностите за внесување на зарази и паразити, пишува во соопштението од директорот Ристов упатено до вработените и хонорарците во НОБ.
Соопштението истакнато во НОБ, на социјалната мрежа „Фејсбук“ го сподели оперскиот пејач, Игор Дурловски.
Тој во објавата напиша:
– Дури и соопштенијата ви се поглупи од името…