Иванка Трамп, првата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, во средата го прославила својот 38. роденден, а по тој повод на својот Инстаграм-профил објави фотографија на која е без грам шминка.
„Прегратки, бакнежи и многу роденденски желби“, кратко напишала Иванка под фотографијата и додала дека по малку ги чувствува своите 38 години.
Следувале многубројни коментари од нејзините обожаватели кои ѝ порачале дека изгледа совршено без шминка и уште помладо.
„И понатаму изгледаш како да имаш 21 година“, „Среќен роденден Иванка, прекрасна си и голема инспирација на жените“, „Каква природна убавина“, се само некои од коментарите под фотографијата.
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS
FOTO: Instagram/Printskrin