Никол Шерцингер скршена од болка: Брутално го убиле братучед ми па го оставиле на улица ФОТО

Нејзиниот братучед Џон Федерик бил убиен на 26 октомври во Флорида, а сторителот побегнал од местото на злосторството и полицијата сè уште трага по него.

675

Поп ѕвездата Никол Шерцингер (41) на својот Инстаграм-профил соопштила тажна вест дека нејзиниот братучед е убиен и побарала помош.

Џон Федерик бил убиен на 26 октомври во Флорида, а сторителот побегнал од местото на злосторството и полицијата сè уште трага по него.

„Ова е како кошмар за мене од кој никогаш нема да се разбудиме. Со тешка болка во срцето се збогувам од мојот братучед. Во саботата во 3 наутро му беше одземен животот во Флорида. Моето семејство поминува низ агонија, дека некој го удрил по глава и го оставил на улица така да умре“, напишала Никоол.

Пејачката напишала дека светот бил поубаво место додека тој бил жив.

„Кој и да го направил тоа, го молам да има сила и достоинство и да се пријави сам“, апелирала пејачката.

Семејството нуди и парична награда за да добие информации за злосторството.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...