Во 23,10 часот, лицето Ш.Ј. (49) од Скопје пријавила дека во периодот од 17 до 22 часот на ул. „Хелсинки“, поточно во паркингот пред зграда од страна на непознат сторител, биле оштетени патничко моторно возило марка „Ауди К-5“, со скопски регистарски таблички и патничкото возило „Ауди А5“ исто така со скопски регистарски таблички, сопственост на нејзиниот сопруг Ш.П.
Полицијата констатирала дека на возилото на пријавителката извршено е оштетување на предното лево крило, предниот лев фар, предната и задната лева врата и задното крило, а кај второт возило оштетено е предното лево крило, предната лева врата, задниот лев штоп и задниот гепек. Оштетувањето сторителот го извршил со употреба на физичка сила и остар предмет и незабележан од некого напуштил лице место.
Со оштетувањето причинета е материјална штета која дополнително ке биде утврдена. Се работи на целосно расчистување на случајот.