Заев го убеди Палмер дека остануваме на патот за ЕУ

186

Потврда дека Северна Македонија и САД успешно го одржуваат и зајакнуваат воспоставеното стратешко партнерство во интерес на граѓаните на двете земји, како и во остварувањето на заедничките цели за демократски просперитет на регионот и во заедничките акции во борбата против тероризмот и екстремното насилство, е истакната денеска на средбата на премиерот Зоран Заев со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан, Метју Палмер.

На средбата, на која присуствуваше и американската амбасадорка, Кејт Мери Брнс, Заев изрази благодарност за ратификацијата на Протоколот за пристапување на  Македонија во НАТО во американскиот Сенат.

Заев истакна дека земјата и натаму останува посветена на процесот за интеграција во ЕУ и дека во периодот што претстои ќе продолжат реформските процеси, одржување на атмосферата на релаксирани меѓуетнички односи, како и добрите односи со соседите.

На средбата заеднички беше констатирано дека е непоколеблива определбата на земјата за евроатлантските процеси и дека Северна Македонија и САД го делат оптимизмот дека ќе бидат успешно заокружени.

Палмер на средбата го реафирмираше јасниот став на САД дека тие остануваа сојузник на Северна Македонија на патот до полноправно членство во НАТО и ЕУ, како и на континуираните напори и политики на земјата да обезбеди одржливи услови за просперитетна иднина за граѓаните на Северна Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...