Кавадарчанец тешко повреден при работа во фирма за производство на таан, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во 13.05 часот во Полициска станица Кавадраци било пријавено дека во Општата болница Кавадарци бил донесен Д.Т.(32) од Кавадарци кој се повредил при извршување на работни задачи во фирма за производство на таан, при што се здобил со тешка телесна повреда. Д.Т. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – велат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кавадарци и трудов инспектор.