На новинарка на програма во живо ѝ кажаа дека има рак на дојка (ВИДЕО)

Четириесет и едногодишната Али Мејер се појавила релаксирана и среќна, оти мислела дека станува збор само за рутина. Но, репортерката на КФОР е снимена како плаче неколку минути подоцна во Оклахома Сити.

882

На новинарка ѝ дијагностицираа рак на дојка за време на пренесување во живо од нејзиниот прв мамограм. Пренесот во живо бил со цел да се запознаат луѓето со рак на дојка за време на месецот посветен токму на оваа болест, пренесува „Метро“.

Четириесет и едногодишната Али Мејер се појавила релаксирана и среќна, оти мислела дека станува збор само за рутина. Но, репортерката на КФОР е снимена како плаче неколку минути подоцна во Оклахома Сити.

– Во ред, мислев дека ова е само рутина, но не излезе како што очекував. Мислев дека нема да имаме ништо денеска, но … Имам рак на дојка и имам многу прашања. Треба да отидам на преглед следниот викенд за да потврдиме со што точно се соочувам и да направиме некој план – вели Мејер, додавајќи дека неочекувана дијагноза ѝ била шокирачка.

Али веднаш се сепнала кога и било кажано дека ќе мора да ја изгуби дојката.

– Се чувствував како ракот да ми одзеде дел од телото – рече Али.

Но, таа веднаш почна да бара совети од хирурзи, а дури им дозволи на камерите да ја снимаат операцијата на доктор Оскар Мастерс.

Тој вели дека многу жени сега може да зачуват повеќе од кожата на дојката, како и брадавицата, па реконструкцијата изгледа многу поприродно.

За среќа, Али сега нема канцер. Таа се врати повторно на уште еден мамограм оваа година, а сега се одлучи да го сподели ова со сите за да им помогне и на други жени да се изборат со оваа болест.

– Заврши добро бидејќи мамограмот го најде канцерот пред јас да знам дека е таму – заврши новинарката.

ФОТО: Метро / КФОР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...