Новиот земјотрес на Филипините зеде пет жртви

39
ФОТО: EPA / CERILO EBRANO

Најмалку пет лица загинаа во денешниот земјотрес на Филипините, соопштија локалните власти.

Потресот со јачина од 6,8 степени наjсилно бил почувствуван на островот Минданао.

Денешниот е трет силен земјотрес во областа од 16 октомври досега.

Денеска се урнале неколку згради кои биле оштетени во претходните потреси. Се урнал и хотел во кој имало многу канцеларии, но во зградата немало луѓе.

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте за време на потресот се наоѓал во родниот град Давао, во близина на епицентарот, но неговиот портпарол соопшти дека не е повреден.

Геолошкиот топографски институт на САД соопшти дека не постои опасност од цунами.

ФОТО: EPA / CERILO EBRANO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...