ФИФА парично санкционира неколку клубови

Сите санкции се изречени поради учество на трета страна во договорите и трансфери на фудбалери.

73
ФОТО: EPA/PATRICK B. KRAEMER

Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска изрече парични казни за Ал Араби од Катар, Рајко Ваљекано и Селта од Шпанија, како и португалските екипи Спортинг и Бенфика. Сите санкции се изречени поради учество на трета страна во договорите и трансфери на фудбалери.

Ал Араби мора да плати 187.500 франци, бидејќи клубот овозможи потпишување договори со „трети лица“ и го лажира износот на трансфери во ФИФА. Спортинг доби казна тешка 110.000, Бенфика 150.000 , Рајо 55.000 и Селта со 65.000 франци.

Казнет е и Фудбалскиот сојуз на Лаос со 690.000 франци за кршење на правилата за странски трансфери и регистрација на малолетни играчи, додека ФС на Индонезија е санкционирана со 30.000 поради избегнување да казни неколку клубови од земјата и да им одземе бодови по налог на ФИФА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...