Мик Шумахер: Фетел за мене е она што татко ми беше за него

444

Младиот талент Мик Шумахер гледа сличности меѓу неговите односи со Себастијан Фетел и оние на неговиот татко со актуелниот возач на Ферари. Мик Шумахер е на добар пат да ја заврши својата прва сезона во Формула 2, а главниот акцент на сезоната беше победата во Унгарија и тестот за Формула 1 тимот Ферари во Бахреин.

– Јас пораснав со екипата на Ферари и секогаш возев за италијански тимови со еден исклучок. Дури и за време на моите картинг години, работев со италијански тимови. Само во 2015 година возев со германски тим во Формула 4. Сега се вратив со италијански тим во лицето на Према. Страста што ја имаат Италијанците во мотоспортот е огромна – рече Мик во интервју за „Мотоспор-магазин“.

Дваесет-годишниот пилот ги следи стапките на татко му, а поддршка не му недостасува. Младиот човек го посочува четирикратниот шампион Себастијан Фетел како еден од неговите ментори.

– Имам огромна почит кон Себастијан. Ние зборуваме многу за мото трките со него. Јас се обидувам да земам совети од него и да ги искористам. Тој е во спортот подолго од мене, така што секој разговор што го имаме помага. Мислам. дека татко ми беше за Себастијан, тоа што е он сега за мене – вели Шумахер.

Сезоната во Формула 2 за Мик не беше особено лесна, но тоа го прави посилен, тврди Германецот.

– Тешките времиња нè прават посилни. Ако можеме да ги свртиме работите во позитивно финале, тоа ќе нè научи повеќе работи отколку ако сè одело добро од почеток до крај. Ако во одреден момент се придружиш во Формула 1 и одеднаш дознаеш, дека сè не е во ред, тогаш тензијата е огромна. Постојат ситуации кои можат тотално да скршат пилот. Меѓутоа, ако помине низ тешки времиња, подобро ќе се справи со ситуацијата – додава младиот пилот.

Фото: EPA/VALDRIN XHEMAJ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...