Ахмети до Палмер: ДУИ е гарант дека нема враќање назад од Преспанскиот договор

474

ДУИ е гарант на Преспанскиот, Охридскиот, како и Договорот за добрососедство со Бугарија од кои нема враќање назад во ниту еден случај, порачал лидерот на ДУИ Али Ахмети на средбата со Метју Палмер, заменик-помошник  државен секретар на САД.

Ахмети им се заблагодарил на американските авторитети за големата помош во нашите напори за добивање на датумот за започнување на преговорите со Европската Унија, но уште повеќе за нашиот успешен пат за членство во НАТО во следните месеци.

Од Кабинетот на Ахмети информираат дека САД потполно ги поддржуваат евроатлантските напори на С. Македонија и реформите во земјата, посебно на владеењето на правото.

На средбата се дискутирало и за интензивните реформи во рамките на Демократската Унија за Интеграција како и за предвремените парламентарни избори.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...