Арифи сподели лично искуство на трибина за подигнување на свеста за борба против рак на дојка

528

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи го сподели личното исксутво на трибината за подигнување на јавната свест за борба против рак на дојка што општината ја  организираше во рамки на кампањата „Октомври, розов месец“.

– Тоа е битка што не ја избираме и воопшто не ја сакаме, но мора да се бориме со идејата за триумф на животот над смртта, да бидеме силни, а не жртви и со моќта дадена од љубовта кон семејството, роднините , пријателите и потребата да го живееме животот и покрај таквата болест, како примери на храброст кои им требаат и на другите околу нас – истакна Арифи.

На трибината беа споделени искуства на жени од личен и професионален аспект. Информативно-стручна сесија одржи тетовскиот онколог Вјолца Скендери.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...