Милан Лане Гутовиќ колабирал среде претстава, публиката се вознемирила

Тој ја играл претставата „Обична вечер“ и по десетина минути колабирал на сцената.

1896

Познатиот српски актер Милан Лане Гутовиќ колабирал среде претстава, пишуваат на Твитер неколкумина кои присустувале на овој настан.

Тој ја играл претставата „Обична вечер“ и по десетина минути колабирал на сцената. 73-годишниот Гутовиќ итно е пренесен во болница иако многумина во салата помислиле дека се шегува но сфатиле дека е сериозно кога завесата се спуштила.

Како што истакнал еден од присутните во текот на овој немил настан, публиката се вознемирила поради состојбата на легендарниот актер.

– Беше страшно. Лане излезе на сцената и веќе во наредниот момент видовме дека му е лошо. Луѓето се вознемирија, а некои од гледачите се упатија кон сцената за да му помогнат. Веднаш го тргнаа од сцената, а публиката ја замолија да ја напушти салата. Сите бевме исплашени и само сакавме да дознаеме дали Лане е добро – рекол соговорник за „Курир.рс“ кој во тој момент бил во салата.

Комичарот веднаш бил однесен на лекар и по укажаната медицинска помош му било  подобро. Тоа го потврдил неговиот менаџер Џорџе Милутиновиќ.

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...