Освојувачот на сребрен медална СП 2018, Марио Манџукиќ, доби понуда од Севиља, пренесува „Калчомеркато“.
Напаѓачот сигурно ќе го напушти Јувентус, каде што не тренира ниту со првиот тим. До сега имаше голем интерес од Манчестер Јунајтед, Милан и клуб од Катар.
„Бјанконерите“ го проценуваат 33-годишниот напаѓач на 5,3 милиони евра. Севиља е подготвена да го изнајми со задолжителна опција за купување.
Условот на Шпанците е дека додека Манџукиќ се води како отстапен, клубот да плаќа само 50% од неговата плата, а другата половина да доаѓа од Јуве.
Фото: EPA/ANDREA DI MARCO