Европскиот првак Вардар не е повеќе меѓу најдобрите 10 екипи според ЕХФ. Ова се случува по двата порази по ред во Лигата на шампиони.
ЕХФ ја објави новата листа со фаворити за осовјување на европскиот трофеј, а на прво место е германскиот гигант Кил, па по него следат Барселона и ПСЖ. Место во топ-10 добија и Алборг, Монпелје, Пик Сегед, Веспрем, Бидасоа, Порто и Динамо.
Вардарци се на четвртото место во групата „Б“ со шест бода, три зад Кил, односно со исти бодови, но полоша гол разлика со Веспрем и Монпеље.