Актерката Џенифер Анистон вели дека актерската екипа од серијата „Пријатели“ работи на нешто, но не сакала да открие дали станува збор за продолжение или некој сосема нов ситком.
Откако објавила фотографија со колегите од серијата, како прва фотографија од отворањето на свој профил на Инстаграм, Елен Деџенерис ја прашала дали тоа значи дека повторно се собираат поради нешто.
Иако Анистон рекла дека ситкомот нема да добие продолжение, додала дека Кортни Кокс, Метју Пери, Лиса Кудроу, Мет ЛеБланк, Дејвид Швимер и таа се обидуваат да смислат проект на кој заедно ќе работат.
– Би сакале да имаме нешто такво, но не знаеме што е тоа нешто – рекла Анистон и додала:
„Значи, само се обидуваме – работиме на нешто.“
Кога Елен побарала повеќе детали, прашувајќи ја дали можеби станува збор за некој филм, Анистон одбила да одговори.
– Не сакам да ги наведувам луѓето понатаму – истакнала таа.
Актерката објаснила дека неодамна се собрале бидејќи си недостасувале еден со друг и дека се испоставиле дека сите се „во истиот дел на светот”.