Мицкоски: До изборите ќе се изнаслушаме „мало сутра“ работи од Заев

242

Премиерот Заев може да се предомисли дека тој не бил всушност тој кој го потпишувал и преговарал Преспанскиот договор. И најверојатно сега ќе иде во таа насока, дека впрочем тоа лицешто  ја виткаше кичмата и слугуваше можеби јас не сум тој, може некој друг некој негов холограм. Ќе се изнаслушаме „мало сутра“ работи до денот на изборите, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски коментирајќи ги различните ставови на премиерот Зоран Заев за тоа што од употребата на новото име треба да почека.

Мицкоски изрази загриженост за непринципелноста и декаденцијата во редовите на СДСМ, што, потенцира тој, „не е добро за држава која сака да биде членка на НАТО и на ЕУ“.

– Ако ме прашувате, пак, за Договорот од Преспа, тој е јасен и се знае што треба. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен и познат и нема што да се додаде – изјави Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...