Ердоган: Турција не ја признава американската резолуција за геноцидот врз Ерменците

125
ФОТО: EPA / JUSTIN LANE

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека парламентот на неговата земја ќе одговори на резолуцијата за геноцидот врз Ерменците на американскиот Претставнички дом на Конгресот, како и на предлогот за вовдување санкции кон Турција.

– Турција не ја признава резолуцијата, која за Анкара нема никаква вредност – рече Ердоган, пренесоа британските медиуми.

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои резолуција со која официјално се признава дека масовното убиство на Ерменците пред повеќе од еден век, што било сторено во Османлиското царство, било геноцид, што Турција остро го осуди.

Усвоена е и резолуција со која претседателот Доналд Трамп се повикува да воведе санкции и други рестрикции кон Турција и турските официјални претставници заради воената офанзива на северот од Сирија.

ФОТО: EPA / JUSTIN LANE

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...