Стејт департмент: Македонија и Грција да демонстрираат флексибилност и креативност во спорот

535

 Американскиот Стејт департмент дава безрезервна подршка за евроатлантската иднина на Македонија, откако земјата доби неусловена препорака од Европската комисија за започнување на преговори за членство во ЕУ.

На прашање од МИА како САД ги оценуваат напорите на новата македонска Влада за подлабоки реформи и демократизација на општеството, од Стејт департментот изјавија дека САД продолжуваат да работат со Македонија на овие предизвици.

„Со Владата работиме на спроведување на судските реформи и владеењето на правото, слободата на медиумите и одговорно владеење. САД остануваат верен пријател и партнер на Македонја и ја подржуваме евроатлантската иднина на земјата“, изјавија денес од Стејт департментот.

Воедно, САД даваат и силна подршка на возобновените разговори под покровителство на ОН за спорот со името на Македонија  и очекуваат разрешување на оваа долготрајна причина за раздор помеѓу Грција и Македонија.

„Ги охрабруваме двете земји да демонстрираат потребна флексибилност и креативност за да се најде заеднички прифатливо решение во интерес на безбедноста, економскииот развој и мирот во регионот“,се вели во изјавата од Стејт департментот. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...