Премиерот Зоран Заев ја демантираше информацијата дека земјава заедно со Албанија добила покана да се приклучи во Евроазиска унија откако не доби датум за преговори од ЕУ.
– Нема покана. Ако стигнала веројатно има одбранбен ѕид околу владата, па и тешко да стигне до нас затоа што затоа што тоа не ни паѓа на памет. Нема стигнато таква порака и се надевам дека нема да стигне – рече Заев на прес-конференција во Владата.