Собранието ќе се распушти на 11 февруари, НАТО ќе ја чека новата влада

Џафери рече дека по распуштањето нема можност за свикување на Собранието, па за ратификација на Протоколот за НАТО ќе треба да се чека новиот парламентарен состав.

533

Собранието ќе биде распуштено на 11 февруари, а веднаш потоа претседателот на законодавниот дом Талат Џафери ќе ги распише предвремените парламетрани избори што треба да се одржат на 12 април.

Собранието ќе се распушти 60 дена пред одржување на изборите, според Уставот, соопшти денеска претседателот на Собранието Талат Џафери на средбата со новинарите. Избрите ќе се одржат според досегашниот изборен модел.

Во однос на ратификацијата на Протоколот за НАТО, Џафери рече дека по распуштањето нема можност за свикување на Собранието, па за ратификација на Протоколот ќе треба да се чека новиот парламентарен состав.

Ако се распушти Собранието на 11 февруари, појасни на денешниот брифинг со новинарите Џафери, во рок од 60 дена треба да има избори, а во рок од 100 дена треба да има Влада. Укажа дека за да свика собраниска седница, треба да има добиено предлог-барање од политичките партии за самораспуштање на Парламентот.

– Ако е рокот 45 дена, како што некој зборува, тогаш кога би бил рокот од 100 дена. Ако во законот некаде има дека може да се скрати на 45 дена нека каже. Јас имам Устав – им порача на политичарите Џафери.

Техничката влада треба да биде избрана 100 дена пред одржување на предвремените парламентарни изборите закажани на 12 април. До Собранието, рече Џафери, крајот на декември треба да пристигне предлог составот за техничката Влада, за да може на 3 јануари да биде закажана седница за гласање на новата Влада.

– Не смее да има избор на Влада во пократок рок од 100 дена – истакна претседателот на Собранието Џафери. Додаде дека ако нема избор на Влада, според Закон за Влада, не може да се распишат избори и не може да се распушти Собранието.

Уставот од 1991 година, посочи Џафери, не предвидел дека ќе дојде до тоа политичките партии да имаат техничка влада под такви услови. Во смисла на законодавство, рече, Собранието не било спречено да донесе таков закон за влада ако има консензус за тоа односно да се донесе закон за влада во кој ќе стои дека поради некоја пракса за да се одбегнат некои ситуации, политичка одлука е пред секои парламентарни избори, за да се одржат, 100 дена претходно треба да има техничка влада.

Таа влада технички ќе функционира, ќе се извршува технички само она тековното за да овозможи рамноправност на предусловите за избори,  не може да има вработувања, унапредувања, не може да има финансии или инвестиции.

– Во нормални демократии вакви работи нема. Ако сакаме институциите да функционираат треба да постапуваат како што е пропишано, а не по налог – рече на брифингот Џафери.

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека очекува парламентот да се распушти кон крајот на февруари за да не се загрози ратификувањето на Протоколот за членство во НАТО, но Џафери рече дека тогаш треба да се одложи датумот за одржување на изборите.

Кон крајот на декември, до Собранието треба да стаса предлогот со имиња за техничка влада, за да може претседателот Џафери на 3 јануари да ја закаже седницата за изгласување на новата влада. Техничката влада треба да биде избрана 100 дена пред одржување на предвремените парламентарни изборите кои се закажани на 12 април.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...