Турција го повика американскиот амбасадор на разговор, САД го признаа геноцидот врз Ерменците

Турција признава дека 1,5 милиони Ерменци кои живееле во Отоманското царство биле убиени за време на судирите со османлиските сили за време на Првата светска војна, но негира дека убиствата биле систематски оркестрирани и дека претставуваат геноцид.

165

Американскиот амбасадор во Турција Дејвид Сатерфилд беше повикан во турското Министерство за надворешни работи на разговор, откако Претставничкиот дом на САД ги призна масовните страдања на Ерменците за геноцид и повика на санкции за Турција поради операциите во Сирија.

Турција признава дека 1,5 милиони Ерменци кои живееле во Отоманското царство биле убиени за време на судирите со османлиските сили за време на Првата светска војна, но негира дека убиствата биле систематски оркестрирани и дека претставуваат геноцид.

Претставничкиот дом на САД синоќа изгласа признавање на геноцидот на народот на Ерменија од страна на Османлиската империја. Прес службата на Претставничкиот дом соопшти дека за одлуката гласале 405 конгресмени, а 11 биле против.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...