Тестирањето на руската верзија на Интернет ќе започне во ноември

Според критичарите, пак, ова е само еден од начините на кои Русија сака да ги изолира своите граѓани од светот и неговите влијанија.

283

Руската Влада се подготвува повторно да ја тестира сопствената верзија на Интернет, изолирана од други мрежи и нации, чие тестирање е предвидено да започне во ноември, јавуваат руските медиуми.

Русија сака да се заштити од кибер напади, поради што нејзините експерти создале систем за заштита на сопствените компјутерски системи, што им овозможува на Русите да работат преку Интернет и без пристап до Светската мрежа WWW (World Wide Web).

Според критичарите, пак, ова е само еден од начините на кои Русија сака да ги изолира своите граѓани од светот и неговите влијанија.

Русија и претходно најавуваше дека планира да тестира свој Интернет. Според порталот Д-Рушиа, тестирањето на изолираноста на мрежата ќе почне после 1 ноември и ќе се повторува најмалку еднаш годишно.

Се верува дека руската Влада зависноста на ИТ-секторот од Западот ја смета за своја слабост, која другите нации можат да ја искористат против Русија.

Изолацијата на руската Интернет инфраструктура, која честопати се нарекува РуНет, е проследена и со законодавство кое ги ограничува руските граѓани да пристапуваат до одредени веб-страници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...