Вучиќ: Хашиме, Федерика најмногу сака со тебе да се бакнува ВИДЕО

5651

Собирот на лидерите од Западен Балкан на прошталната вечера со досегашната шефица на европската дипломатија Федерика Могерини помина во опуштена атмосфера.

Посебно расположен за шега бил српскиот претседател Александар Вучиќ.

– Хашиме, Федерика најмногу сака со тебе  да се бакнува – рече Вучиќ.

Бакнеж од високата претставничка на ЕУ за надворешна политика доби и претседателот на Црна Гора.

– Дали виде Мило тоа што јас го видов – го праша српскиот претседател својот црногорски колега.

На прошталната вечера присуствуваа претседателите на Србија, Црна Гора и Косово, Александар Вучиќ, Мило Ѓукановиќ и Хашим Тачи, премиерот на Македонија Зоран Заев и членови на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...