Возачките ќе важат до 75 години, ќе се одземаат возила кои прават голема бучава

6029

Владата усвои предлози и измени на серија закони од надлежност на Министерството за внатрешни работи заради усогласувањето со претходно донесениот Законот за прекршоци.

Од другите измени се издвојуваат продолжувањето на рокот на важење на возачката дозвола за повозрасните возачи од 70 на 75 години, како и мерката времено одземање на возило кое предизвикува голема бучава и го нарушува јавниот ред и мир на граѓаните, како и возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола од шест или повеќе месеци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...