Владата на седница го утврди новиот Предлог на Закон за гаранција на Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за изградба на автопат делница Кичево – Охрид кој ќе се склучи меѓу „Експорт – импорт“ банката на Кина и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка.
Прес-службата соопшти дека е донесен заклучок тој да биде доставен до Собранието.
– Целта на Предлогот на Закон за гаранција е да се повлечат неопходните средства за да се заврши автопатската врска Кичево – Охрид за трајно решавање на утврдените проблеми при досегашното изведување на работите и да се обезбеди брз и сигурен сообраќај на овој значаен патен правец, се вели во соопштението.