Шефицата на организираниот криминал Вилма Русковска во денешното гостување во 24 Отворено во врска со повикувањето на Ременски во судот и откривањето на суми испратени преку вибер пораките, изјави дека истрагата се уште трае и не може да зборува за детали во истрагата.
– Во фаза на истрага не можам да зборувам подетално. Воопшто не реков дека постојат некои цифри. Сопругот на Ременски е вработен во АНБ, не е во МВР. Тој не е повикан, а дали ќе биде повикан зависи од други околности. Не исклучувам можност да бидат повикани други лица – рече Русковска.
На прашањето како се проценило дека за другите не е побарано притвор, таа изјави дека притвор беше побаран само за една осомничена, но судот го одбил предлогот и одреди куќен притвор.
– За другата, која беше породена, ние како обвинителство предложивме одземање на патната исправа и за третиот само мерки за претпазливост. Сметавме дека не е во ред цели семејства да завршат во истражен затвор. За четвртата сметавме дека мерки на претпазливост се доволно добри, зошто добар дел од доказите и сведочењата во предистражна постапка, беа обезбедени и само за првоосомничената каде баравме притвор, баравме зошто знаевме дека има хотел во Грција и постои можност за бегство- рече Русковска.