Мал авион се урна врз куќа во Њу Џерси

135

Мал авион се урна и експлодираше во Њу Џерси, при што се запалија две куќи, а состојбата на пилотот не е позната.

Двомоторен авион 414 се урна врз куќа во областа Вудбриџ во 11 часот по локално време, соопшти американската Сојузна управа за авијација.

– Во куќата врз која падна авионот немало никој, но пожарот се проширил и кај соседната куќа каде што една жена успеала да се спаси – рече градоначалникот на Вудбриџ, Џон Макормак.

Тој додаде дека пожарот е под контрола.

Властите соопштија дека авионот тргнал од Лизбург во Вирџинија само со пилотот. Летал кон аеродромот кој се наоѓа на околу шест километри од местото на несреќата.

Времето во таа област за време на несреќата било облачно и магловито.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...