Русковска: Парите од „Рекет“ сѐ уште не се пронајдени, мислам дека се потрошени

885

Шефицата на организираниот криминал Вилма Русковска во гостување во 24 отворено потврди дека никој официјално досега не понудил спогодба за случајот „Рекет“. Таа потенцираше дека не очекува одовлекување на случајот и смета дека нема многу обвинети во случајот, имало само тројца. Доказниот матерјал е обемен и не очекува дека во наредните три дена ќе биде оценет обвинителниот акт од кога бил поднесен.

Во врска со тоа дали клучните искази против Јанева се од нејзината колешка Лиле Стефановска и обвинетиот Кичеец, Русковска рече:

– Тие не дале исказ на главна расправа, не можам да зборувам за искази на главна расправа, судиите треба да ги слушнат тие искази во судница – рече Русковска.

Таа потенцираше дека во истражниот тим има и форензичар кој ја убедил со неговата анализа дека снимката е веродостојна, но дека парите сѐ уште не се пронајдени и дека не биле обележани со што се отежнала истрагата.

– Лично мислам дека тие пари се протошени – рече Русковска.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...