Заев на проштална вечера: Федерика ти благодариме за посветеноста

241

Премиерот Зоран Заев заедно со лидерите од балканските земји вечерва присуствуваа на работна вечера со досегашната шефица на европската дипломатија,  Федерика Могерини.

– Федерика ни беше поддршка и во моментите на криза и во моментите на успех. Вистинска пријателка на нашиот народ и на целиот Западен Балкан. Вечерва со лидерите од регионот сме собрани во нејзина чест во Брисел, да заокружиме едно сериозно поглавје од нејзината кариера.

Федерика, ти благодариме за посветеноста, твојот ангажман е многу значаен за трансформацијата на Балканот во регион од кој извира мир и стабилност, напиша премиерот Заев на Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...