Интер нема намера да ги врати во своите редови тројцата позајмени фудбалери, Иван Перишиќ, Мауро Икарди и Жоао Марио туку ќе ги продаде.
Хрватот Перишиќ е позајмен во Баерн Минхен, Аргентинецот Икарди е во ПСЖ, а Жоао Марио во Локомотив Москва. Интер летоска им ги продолжи договорите, и со тоа си овозможи да заработи на нив, наместо да ги загуби како слободни играчи.
Италијанскиот клуб очекува да заработи минимум 110 милиони евра од продажбите на овие тројца фудбалери. Икарди веќе најави дека и тој самиот веќе не сака да се врати во Интер, бидејќи му е многу убаво во ПСЖ. Според Икарди, „светците“ се најдобриот тим за кој што настапувал во кариерата.