Граѓаните во Вила Водно на средба со Пендаровски

118

Кабинетот на шефот на државата во Вила Водно денеска го посетија група од над 50 граѓани, во рамки на активноста Отворен Кабинет.

Граѓаните, како што соопшти Кабинетот на претседателот, имаа можност да се сретнат и лично да поразговараат со Пендаровски, да ги посетат просториите во коишто се одвиваат официјалните средби, како и во салите во коишто се организираат свечености, настани и прес-конференции.

Посетителите беа запознаени со историјатот на објектот во којшто е сместен Кабинетот на претседателот.

–Денешната активност, која се организира по втор пат, е во рамки на реализацијата на проектот Отворен кабинет којшто ќе биде редовна пракса. Сите заинтересирани граѓани и организации, со претходно пријавување на официјалната интернет страница на Претседателот, http://pretsedatel.mk/otvoren-kabinet/ ќе имаат можност да го посетат Кабинетот на претседателот, да споделат свои идеи и предлози и да учествуваат во настани од јавен карактер коишто ќе бидат организирани во Кабинетот, се наведува во соопштението.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...