Четири пожари четири дена горат на Шара

39

Четврти ден по ред горат големи пожари на Шар Планина на четири места. Се уште не е изгаснат, најголемиот пожар кој е на потегот под Попова Шапка и над селото Лисец.

– Тука гасиме заедно со Дирекција за заштита и спасување од каде испратија два авиона канадари кои фрлаа вода од небо вчера. Сметам дека ние е потребно и денеска повторно да дејствуваат, бидејќи станува збор за пожар со огнена линија од три километри. Горат дрвја смрека од кои има многу чад. Сметаме дека причина за пожарите е човечкиот фактор. Вториот пожар над Попова Шапка денеска претпладне е локализиран и очекувам таму дека нема да има веќе проблеми – изјави Ука Алити од Тетовската против пожарна единица.

И понатаму има пожари на Шар Планина во шумите над Боговиње и Брезно кај месноста Вртиште.

– Се надевам дека и пониските температури кои се најауваат денови ќе бидат од помош, бидејќи се забележува дека огнот се намалува – изјави Алити.

Во гаснењето на пожарите учествуваат и вработените во шумско стопанство „Лешница“ од Тетово.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...