Американскиот кантри пејач и композитор Нед ЛеДукс ги проживува најтешките моменти, откако неговата двегодишна ќерка Хевн трагично починала. Имено, девојчето се задушило во семејниот дом во северен Канзас. Нед и неговата сопруга Морган ја објавиле тажната вест на социјалните мрежи.
„Нед и Морган со голема тага ги информираат пријателите и обожавателите дека нивната двегодишна ќерка Хевн починала од последици од задушувањето на 20 октомври во нивниот дом. Семејството ЛеДукс ја цени вашата љубов и поддршка и моли за приватност“, стои во објавата на Нед на Фејсбук.
Итната помош пристигнала веднаш по повикот, но на малата Хевн веќе ѝ немало спас. Деталите од несреќата не се познати.
Освен Хевн, сопружниците го имаат и синот Брансон, а во брак се 11 години.
FOTO: Fejsbuk/Printskrin