Гол се сликал во кампања за градоначалник на Софија, зашто „политиката е порно“!

355
FOTO Printskrin

Фотографијата на рекламните плакати е вистинска, фотошоп имаше само на брадата и на косата. Позирав сосема гол, бидејќи нема што да кријам од бугарските гласачи! Многумина ме прашаа зошто сум гол, и зошто баш со тиква во рацете? Затоа што политиката е едно големо порно – појасни кандидатот за градоначалник на Софија од Бугарско Национално Обединување, Ѓорѓи Георгиев – Готи.

Тој изгуби на локалните избори во неделата, но се прослави на социјалните мрежи со тоа што на рекламните материјали позираше гол, со тиква. Готи е пејач и актер, а  неговото мото на изборите беше – Да направиме од тиквата зелник со тиква за народот!

Најмногу гласови за градоначалници на локалните избори во Бугарија  освоија кандидатите на бугарската владејачка партија ГЕРБ, на чело со Бојко Борисов.

ФОТО: Принтскрин

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...