Ремек-дело кое со години висело над шпоретот на една баба е продадено за 24 милиони евра

Сликата, за која бабичката верувала дека е стара икона па ја однела на проценка, тогаш ја процениле на вредност помеѓу четири и шести милиони евра.

943

За ремек-делото „Исмевањето на Исус“, на италијанскиот мајстор Чимбуе, стручњаците верувале дека е трајно изгубено, сè додека неодамна не се испоставило дека со години висело над шпоретот, на ѕидот, кај една постара госпоѓа во францускиот град Копиен.

Сликата, за која бабичката верувала дека е стара икона па ја однела на проценка, тогаш ја процениле на вредност помеѓу четири и шести милиони евра. Но, на неделната аукција во Сенлис во близина на Париз е продадена за повеќе од 24 милиони евра. Локалните медиуми, кои известувале за продажбата, наведуваат дека купецот на делото е анонимен.

Тестови биле направени  на уметничкото дело со помош на инфрацрвена светлина за да се утврдат сличностите со делата на италијанскиот сликар Чимбуе, познат како Кени ди Пепо.

„Исмевањето на Исус“ е средновековно ремек дело на Чимбуе. Се верува дека е дел од полиптих – поголем број на насликани сцени поделени на неколку панели – што ја прикажува Христовата страст, сликана околу 1280 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...