Заман: Режимот на АКП изгради држава каде што не се живее – уапсени се 110 новинари  

115

Со цел да се привлече внимание кон неправедните апсења на новинари во Турција, група турски активисти одржаа мирен протест на саемот за книга во Франкфурт, Германија. Истиот ден, точно 30 вооружени полицајци во Турција упаднаа во куќата на новинарката Нурџан Бајсал, која не беше приведена поради тоа што пред извесно време ја напушти земјата.

Вечерта, новинарката на медиумската заедница Муџаделе Бирлиги Озлем Орал, со исто образложение беше притворена. Дури и тие што се „против војна“ се клеветат за „тероризам“. Демократијата и правдата одамна се закопани. Деспотизмот секој ден се повеќе расте. Поради „стравот“ од бегалци и ЕУ не реагира, а тоа им одговара на АКП.

Според домашните и меѓународните медиумски организации во Турција бројот на притворени новинари се менува помеѓу 125 и 228. Секој месец е блокирана достапност до стотини вести.

Министерот за правда Абдулхамит Гул, минатата недела изјави дека „како министерство нашата цел е да им обезбедиме книги за читање на притворените“.

Притворувања по желба, без докази, престојувањето на 35-40 лица во соба за седдум лица, 864 бебиња пораснати во затвор, повеќе од 200 киднапирани новинари, притвореници кои никако не можат да добијат здравствена услуга и доживотно осудени 18-19 годинишни ученици не се ниту на дневен ред на Министерството за правда.

Затворени се 53 новини, 34 телевизии !

Претходниот ден група протерани турски новинари, стапија во акција за пријателите во Турција. Тие побараа ослободување на нивните пријатели кои беа уапсени за работа во весник, за спротивставување на режимот на АКП, за споделување на твит на социјалните медиуми или критикување на режимот на Ердоган. Во брошурите кои се делат на рака пишува дека моментално во Турција се уапсени 228 новинари. После случајот на 15 јули 23 весници, 6 медиумски агенции, 20 списанија, 29 издавачки куќи, 34 телевизиски канали и 37 радио агенции се затворени.

Режимот на АКП изгради држава каде што не се живее 

Група активисти во Германија, протестираат за да привлечат внимание кон неправедно уапсените колеги новинари, додека социјалните медиуми објавија нова вест. Куќата на новинарката и бранител на човековите права Нурџан Бајсал беше опколена од 30 вооружени полицајци околу 5 часот. Причината е што Бејсал ја критикуваше операцијата на Турција против Сирија. Таа не можеше да биде притворена бидејќи беше во странство, но новинарката Озлем Орал ја немаше истата среќа. И нејзината куќа беше опколена исто како на Бајсал и со иста причина „критикување на операцијата против Сирија“. Орал е притворена. Во Турција Со АКП, доволно е да се споменат јавните настани за да бидете споменати за „тероризам“.

Слободата на медиумите на „дното“

Фридом Хаус со седиште во Вашингтон, во 2010 на листата „Слобода на медиумите“ од 196 држави, Турција ја смести на 106 место, што значи дека спаѓа во држави со делумно слободни медиуми. На 17/25 декември АКП сфати дека „со правда не може да се спаси“ и во 2014 година Турција падна во држави со неслободни медиуми. Од 42 држави во Европа според „Слобода на медиуми“ беше на последното место. Во 2015 година заедно со Пакистан и Малезија се смести на 142 место. Во 2017 година од 199 држави Турција беше на 163 место.

Затворени повеќе од 180 медиуми

Во извештајот „Медиуми и слобода 2019“ на Фридом Хаус, се споменуваше дека во државите кои за кратко време многу ја уназадија слобода на медиумите само една четвртина од народот верува во медиумите. Исто така се спомена дека после случајот на 15 јули се затворени 150 медиумси организации и стотини новинари се притворени без никакво докажано досие.

Затворите се полни со новинари

Режимот на АКП државата ја направи отворен затвор за новинарите. Според Унија за новинари во Турција 125 новинари се во затвор. Според Здружението на современи новинари 140 новинари се притворени и во моментот се судат. Според Меѓународен институт за медиуми бројот на новинари во затвор е 161. Според интернет страницата на Независна платформа за новинарство 184 новинари се во затвор. Според извештајот на Stockholm Center for Freedom со седиште во Стокхолм, 228 новинари се во затвор.

Од 130 уапсени новинари, 110 се во Турција

Во извештајот на Советот на Европа за слободата на печатот објавен во февруари 2019 година, „Турција е земја во која најмногу новинари се во затвор на светот”.  Според извештајот на Советот, заклучно со крајот на 2018 година, вкупно 130 новинари се наоѓаат во затвор во земјите членки на Советот на Европа, 110 од овие новинари се во Турција!

Забранет пристап до 700 вести за еден месец

Во август, Иницијативата за новинари го објави својот извештај за кршење на правата против новинарите. Според извештајот, притисоците врз новинарите продолжија минатиот месец, па дури и „го достигнаа врвот“.

Во извештајот каде се споменува за 146 притворени новинари се наведува и дека е забранет пристап на 700 вести во август. Во извештајот каде се бара крај на притисокот врз новинарите, пишува и дека „ако властта тврди дека Турција е демократска држава, веднаш новинарите нека бидат ослободени“

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...